Кристофиду: Преку соработката со ЕРАЗМУС програмите, Северна Македонија веќе ја гледаме како земја членка на ЕУ

„Соработката што ја имаме со Северна Македонија во делот на образованието преку ЕРАЗМУС, не’ прави да ја третираме вашата земја веќе како членка на Европската Унија“, кажа Генералната директорка за образование, млади, спорт и култура при Европската Комисија, Темис Кристофиду на состанокот во Брисел со заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На средбата, вицепремиерот Битиќи се заблагодари на покажаната солидарност на ЕУ за време на кризата со Ковид и енергетската криза, луѓето видоа на дело што значи да припаѓаш на едно големо семејство како што е ЕУ.

Битиќи на средбата стави акцент на потребата за доградба на образовните капацитети каде има простор за унапредување, додавајки дека Северна Македонија има потреба од доквалификација на работноспособните граѓани кои се евидентирани како невработени, за да бидат конкурентни на пазарот на труд, на што веќе Владата работи преку различни програми.

Генералната директорка Кристофиду, истакна дека доквалификацијата е дел од програмата ЕРАЗМУС со која Северна Македонија може многу да придобие и ако 2022 беше година на младите, 2023 е означена како година на Квалификациите, и додаде дека ЕРАЗМУС е опширна програма која ја покрива и едукацијата.

Вицепремиерот Битиќи и Кристофиду ја искажа и важноста на дигиталната инклузија, за што е потребна блиска соработка на Северна Македонија со ЕУ за да се постигне еднаквост во образованието.

На средбата стана збор и за културното наследство, при што генералната директорка за образование, млади, спорт и култура при Европската Комисија, Темис Кристофиду, информираше дека во јуни во Северна Македонија ќе престојува делегацина на Директоратот при Европската Комисија, и тоа ќе биде добра можност на дело да се видат случувањата и актуелностите во сферата на културното наследство, што е една од карактеристиките на Северна Македонија.

Инаку, вицепремиерот Битиќи деновиве престојува во Брисел каде учествува на билатералниот состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, Поглавје 9 „Финансиски услуги“, и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“, при што реализира и средби со разни претставниси од Еврпоската Комисија.

Прочитајте повеќе

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис

Проверувачите на факти играат витална улога во заштитата на демократијата и во обезбедувањето пристап на …