Кривична за прилепчанец: На Фејсбук продавал амфора од археолошко наоѓалиште за 20.000 денари

Кривична за прилепчанец: На Фејсбук продавал амфора од археолошко наоѓалиште за 20.000 денари

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, соопшти Министерствoто за влатрешни работи.

Прилепчанецот на 06.08.2020 година на социјалната мрежа Фејсбук објавил оглас за продажба на амфора, со висина од 1 метар и ширина 80 сантиметри, за сума од 20.000 денари.

На 02.11.2020 година, при извршен претрес, полициски службеници ја пронашле и ја одзеле амфората.

„Пријавениот, амфората ја ископал од археолошко наоѓалиште и ја присвоил со намера да ја продаде и да се стекне со противправна имотна корист, знаејќи дека се работи за културно-историско наследство“, наведено е во соопштението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …