Во Крушево во тек е обележувањето на четирите велосипедски патеки, чија вкупна должина изнесува 42 километри. Во текот на вчерашниот дена беа обележани 4,2 километри, а денеска ќе бидат обележани дополнителни 20 километри.
Овие патеки ќе бидат целосно обележани и оспособени за многу фестивали и манифестации кои вклучуваат велосипедски и планинарски тури, но и за рекреативно и самостојно користење на овие патеки од граѓаните на Крушево и туристите.