Крушево: „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, презентација на проектот за зајакнување на граѓанскиот активизам

Крушево: „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, презентација на проектот за зајакнување на граѓанскиот активизам

Претседателот на Совет на општина Крушево, Андреј Николоски одржа презентација на тема „Како до поддршка од Советот“, во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“.

„Како од идеја, преку обработка, па се’ до добивање на поддршка од Советот на Општина Крушево. Овој процес е навистина значаен за да се добие поддршката од советниците, за да еден проект може да се финансира и реализира“, рече Николоски.

Презентацијата беше дел од тридневната работилница, во која млади луѓе од Пелагонија ги презентираа своите проекти и ги добија сите потребни информации од општините за нивна реализација. На работилницата учествуваа млади од Крушево како и претставници на невладини организации.

Целта на проектот е да го зголеми граѓанскиот активизам на младите од Пелагонија. Предводник на проектот е невладината организација „Про Локал“, во партнерство со општините од регионот и 10 невладини организации. Проектот е финансиски поддржан од Кралството Холандија.

Прочитајте повеќе

Македонија нема речиси никаков напредок во животната средина: Воздухот, водата, отпадот, климата надвор од интересот на власта

Македонија нема речиси никаков напредок во животната средина: Воздухот, водата, отпадот, климата надвор од интересот на власта

Државата каска во имплементирањето на регионални центри за третман на отпадот и покрај тоа што …