Крушево

Крушево: Заради топење на снегот, отежнато подигањето на сметот

Во услови на големи количини на снег по улиците на Крушево, работата на извршување на тековните обврски на ЈП „Комуна“ значително е усложнета.

За таа цел, од крушевското јавно претпријатие го испратија следното соопштение:

„Работиме на пристап и на расчистување на просторот околу поставените контејнери со цел да се одведе насобраниот отпад. Но, при вчерашните и денешните активности за празнење на контејнерите и одведување на отпадот, се соочуваме со дополнителни потешкотии. Заради големи количини на вода од растопениот снег, контејнерите не можат да се подигнат од камионот за отпад и истите се расчистуваат рачно. Тоа одзема време и значително ја отежнува работата на вработените.

Дополнително, тесните улици и паркираните возила се исто така голем проблем. Заради овие причини повикуваме на разбирање и трпение од страна на граѓаните за собирање на отпадот. Ја разбираме ситуацијата и не само што сликата од преполни контејнери е неубава, туку и одлагањето на отпадот од домаќинствата е дополнителен проблем. Денеска продолжуваме со работа за да ги надминеме потешкотиите и да одговориме на обврските и на барањата на граѓаните, заради што апелираме на соработка од нивна страна“, велат од ЈП „Комуна“ – Крушево.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …