КУРШУМЛИ АН БЛЕСНА ВО БОИТЕ НА ИТАЛИЈА, ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА РЕПУБЛИКА

КУРШУМЛИ АН БЛЕСНА ВО БОИТЕ НА ИТАЛИЈА, ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА РЕПУБЛИКА

Во присуство на повеќе од 300 гости, амбасадори, политичари, владини функционери, уметници и пријатели на Италија, вчеравечер во Куршумли ан беше прославен Денот на Италијанската Република, 2 јуни.

Гостите имаа несекојдневна привилегија да уживаат во настапот на историското друштво од Кастиљон Фиорентино, кое преку своите трубадури и вејачи на знамиња ја претстави италијанската средновековна традиција на веење знамиња, која датира уште од 13 век.

Претставата совршено се вклопи во магичниот амбиент на Куршумли ан, кој за оваа прилика беше свечено уреден и осветлен во боите на италијанското знаме.

По интонациите на двете химни, Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри ги потенцираше одличните билатерални односи и соработка која особено се интензивира во последните неколку месеци преку билатерални средби на високо ниво.  

Разновидната понуда на врвни италијански специјалитети и некои од најпознатите италијански брендови како PERONI, ILLY и SELECT беше надополнета со прекрасна италијанска музика.

Волшебно и величествено изгледаше проекцијата на песната “ВОЛАРЕ“ од македонскиот тенор Благој Нацоски.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …