Кузеска: Пецаков треба да одговара за непочитување на здравствените протоколи и свесно ширење зараза

Кузеска: Пецаков треба да одговара за непочитување на здравствените протоколи и свесно ширење зараза

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Скандалозно и крајно неодговорно е однесувањето на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.

Наместо во изолација како што му било одредено, додека го очекувал резултатот од тестот за Ковид 19, градоначалникот на Охрид се појави помеѓу охриѓани за Водици и ги стави во опасност сите присутни.

Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори.

Ова не е само непочитување на одредбите и законите. Ова скандалозно однесување на Пецаков е непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица.

Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф.

Зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецакоцски?

Ќе го повика ли на одговорност или ќе го штити?

Или Христијан Мицкоски нема образ за ова затоа што и тој среде пандемијата шеташе по кафеани?

Почитувани,

Пецаковски не треба да бара изговори со манипулации, за некакво скијање во Банско, туку да одговара.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …