Италијанскиот дневен весник „Ла Верита“, кој вчера на својата веб-страница го објави видеото на кое се гледа како Боки 13 заминува откај Орце Камчев со „Луј Витон“ чанта во која наводно има огромно количество евра, денеска објави нови аудио снимки од разговори и дружење на Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец, а според весникот, во еден момент се слуша и Катица Јанева, која потврдува дека нема да има проблем со ослободувањето од домашен притвор на Орце Камчев.
Камчев се сомнева дека ќе му биде остварено тоа што го посакува и на објавените снимки се слуша како соговорниците се договараат, при што во еден разговор Камчев го прашува Бојан Јовановски:
-Втора работа, не знам дали жената е со нас во играва, таа Лиле – пишува весникот, тврдејќи дека станува збор за обвинителката Лиле Стефанова, која во тоа време го води предметот Империја.
Потоа, во една од снимките, за која весникот тврди дека е гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, женски глас преку телефон, како што вели новинарот, му потврдува на Камчев да не се секира дека се ќе биде во ред.
-Не се секирај за ништо се ќе биде ОК – вели женскиот глас.