Едногласно со 62 гласа „за“, Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител.
Претходно предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.
Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во Републичкото обвинителство.
Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.
Во моментов, в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска.