Македонија ќе се кандидира за домаќин на Европското кадетско првенство во џудо

Македонија ќе се кандидира за домаќин на Европското кадетско првенство во џудо

Македонија и официјално ќе поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во џудо за кадети, кое треба да се одржи во 2024 година. Ова е еден од најважните заклучоци од вчерашниот работен состанок помеѓу претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и претседателот на Европската Џудо Унија, Ото Кнеитингер.

„Заедно со потпретседателот Горан Антевски, имавме мошне конструктивен работен состанок со претседателот на Европската Џудо Унија, господинот Ото Кнеитингер, на кој разговаравме на повеќе важни теми за дополнителен развој и промоција на џудото во Македонија. Задоволство ми е да споделам со сите, дека од господнот Кнеитингер добивме отворена и јасна поддршка за организација на Европското првенство за кадети кое ќе се оддржи во 2024 година, што е дополнителен мотив сите заеднички да продолжиме напорно да работиме на нашата кандидатура и да донесеме во земјата еден голем и исклучително важен спортски настан“, изјави претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски.

Во својата изјава за сајтот на Џудо федерацијата, Трпаноски додаде дека покрај за кандидатурата за Европското првенство, на средбата на која приствувале и генералниот секретар на ЕЏУ, Мартин Проигер, генералниот директор на ИЏФ, Влад Маринеску, како и следниот претседател на ЕЏУ, Ласло Тот, се разговарало и за стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија, а била добиена и официјална потврда од Европската џудо унија за поддршка на неколку големи проекти кои ќе се реализираат во следниот период, меѓу кои и проектите за џудо во полицијата и џудо во армијата, за кои ИЏФ ќе обезбеди специјални татами и кимона.

Покрај средбата со високата делегација на ЕЏУ и ИЏФ, во рамките на Европското првенство во џудо кое се оддржува во Софија, Република Бугарија, раководните лица на македонското џудо ќе имаат уште неколку работни средби со делегации од други држави.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …