Македонија протера петмина руски дипломати

Македонија протера петмина руски дипломати

Министерството за надворешни работи денеска му врачило нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат Македонија во наредните пет дена, информира Министерството за надворешни работи.

Ова не е првпат Македонија да протерува руски дипломати поради активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи. Русија како возвратна мерка протеруваше македонски дипломати.

По почетокот на руската инвазија врз Украина, руски дипломати беа протерани од неколку земји членки на НАТО. Полска минатата недела одлучи да протера дури 45 руски дипломати.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …