Македонија стана членка на GFCE, една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за сајбер безбедност

Македонија стана членка на GFCE, една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за сајбер безбедност

По иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Северна Македонија стана 103-та членка на GFCE – Global Forum on Cyber Expertise, во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата Сајбер безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема.
Владата на Северна Македонија со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на GFCE ќе работат на четири теми: Политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од сајбер напади, сајбер криминал, сајбер култура и градење на капацитети.
Преку GFCE ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на сајбер темата во Северна Македонија, за што GFCE има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите. Линк: https://cybilportal.org/projects-by?page=country&_sft_country=north-macedonia
Сајбер безбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади.
Линк до секцијата на Северна Македонија на веб-сајтот на GFCE: https://thegfce.org/member/north-macedonia/

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …