Малите владејачки партии бараат една изборна единица или се закануваат со предвремени избори

Малите владејачки партии бараат една изборна единица или се закануваат со предвремени избори

Пет пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ ја условуваат поддршката на новата влада предводена од Димитар Ковачевски со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик во Собранието на РСМ.

Пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП и Бејџан Иљас од ДПТ се потпишаа на барањето за целата земја да постане една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг.

Ваквото барање тие го доставиле до претседателот на Собранието, Талат Џафери, така што бараат во најбрз рок да се закаже пленарна седница на која ќе се расправа за предложените измени на Изборниот законик кои беа доставени пред 11 месеци.

Доколку Собранието на РСМ не ги донесе измените на Изборниот законик, петте пратеници најавуваат дека тоа ќе значи крај на нивната поддршка за новата влада предводена од Димитар Ковачевски.

Инаку, ваквото барање на петте пратеници доаѓа само неколку дена пред Собранието да го разгледа формирањето на новата влада предводена од Димитар Ковачевски, во која што својата поддршка ја најавија 64 пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ, ДУИ, Алтернатива и ДПА.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …