Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, која во моментот е во работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата, Маричиќ истакна дека добрата регионална соработка е суштинска за ширење на духот на европските вредности и практики, за динамична европеизација на регионот, а дека во тој поглед, Советот за регионална соработка е значаен за воспоставување и негување на добрата соработка во регионот.

Министерот Маричиќ потенцираше дека Република Северна Македонија е на историски пат бидејќи наскоро се очекува официјално започнување на преговорите со ЕУ и да го отвориме Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …