Маричиќ: Мицкоски по амбасади ветува уставни измени ако дојде на власт

Маричиќ: Мицкоски по амбасади ветува уставни измени ако дојде на власт

„Многумина изборната година ја сметаат за изгубена година и затоа ние се трудевме да не дојде до предвремени избори во овој мандат“, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Осврнувајќи се на барањето на Христијан Мицкоски за предвремени избори, Маричиќ посочи дека тоа е негов единствен начин на политичко дејствување, наметен за внатрепартиска употреба.

„Постојаната алузија на Мицкоски дека нема мнозинство и дека ќе има ново мнозинство или пак предвремени избори е всушност само празна реторика за држење на своите поддржувачи на куп и давање надеж дека ќе има брзо избори. И самиот е свесен и самиот се демантираше дека наводно никогаш тој не рекол дека ќе има предвремени избори, а само за тоа зборуваат во Собрание“ порача Маричиќ, додавајќи дека изборите ќе бидат редовни, кон средината на следната година.

Маричиќ истакна дека „Европскиот фронт“ има за цел да го забрза процесот на евроинтеграција и спроведување на потребните измени на Уставот.

„Нашата цел е сите политички субјекти кои што го поддржуваат европскиот пат искрено да застанат на едно место и на една страна и јас сум сигурен дека тоа е мнозинството и дека тоа ќе не доведе во ситуација да формираме Влада и по наредните избори. Тоа не е европски фронт против никого, тоа е европски фронт за обезбедување на нашата европска иднина. Мислам дека не можете да говорите, како што тоа го прави ВМРО – ДПМНЕ, за Левица не коментирам бидејќи тие се отворено против ЕУ и НАТО, а ВМРО – ДПМНЕ говори номинално дека е за ЕУ, меѓутоа кога доаѓа момент да се даде поддршка крупни, клучни и тешки политички одлуки никогаш не се реално за“ посочи Маричиќ, додавајќи дека во неколку наврати од ВМРО-ДПМНЕ при средби со амбасадори тие говореле дека ќе го сменеле Уставот кога таа партија ќе дојде на власт.

Прочитајте повеќе

PR UltiMATH - Натпревар по математика

Награда од 10.000 евра во кеш: Започнува најголемиот математички натпревар за средношколци UltiMATH

За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, …