Меѓудржавно тело заеднички ќе управува со природното и културното наследство во Охридскиот регион

Меѓудржавно тело заеднички ќе управува со природното и културното наследство во Охридскиот регион

Mинистерот Едмонд Адеми, во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО, вчера во Тирана оствари работни средби со министерката за култура на Република Албанија, Елва Маргарити и министерот за животна средина, Бленди Клоси во Тирана, Република Албанија.

На состаноците беше договорено формирање на меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски и соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО, со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми оствари средба и со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

Во тој контекст, Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …