Меѓународниот Црвен крст - Нема храна за децата во Мариупол

Меѓународниот Црвен крст – Нема храна за децата во Мариупол

Многу луѓе во опколениот украински град Мариупол останаа без храна за своите деца, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

МКЦК наведува дека во градот нема вода и греење, каде повеќе од една недела над 400.000 луѓе се под опсада од руските сили.

Тимот на МКЦК во Мариупол вели дека луѓето таму сега се борат едни против други за храна и дека имаат малку гориво од туѓи автомобили.

Ограбени се сите продавници и аптеки, а загревањето ќе биде многу тешко во услови кога нема санбдување со снабдување со гас и со очекуваниот пад на температурата на -5 степени во текот на ноќта, наведува тимот на МКЦК предупредувајќи дека луѓето се веќе болни.

Украина денеска повторно се обиде да евакуира илјадници цивили од најтешко погодените градови преку договорените хуманитарни коридори.

Евакуациите не успеаја во некои региони во изминатата недела, а јужниот град Мариупол и градот Харков на североисток се опколени со руски војници.

Во меѓувреме, Украина соопшти дека ниту еден цивил не избегал од Мариупол, а дека гранатирањето продолжило и денеска и покрај договорениот привремен прекин на огнот.

Во североисточниот град Суми, се проценува дека 12.000 луѓе успеале да побегнат со автомобил и автобуси. Десетици илјади украински цивили, исто така, го напуштија регионот во средата, бидејќи тогаш се одржуваше прекинот на огнот.

Ситуацијата со планираните хуманитарни коридори во Волноваха, Изум, Тростјанец, Краснопол и Киевската област останува нејасна.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …