Менаџментот на компанијата „Елсеведи електрик“ на средба со премиерот Заев

Менаџментот на компанијата „Елсеведи електрик“ на средба со премиерот Заев

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи Електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженер Ахмед Ел Севеди, разговараше за можностите за инвестирање во земјата.

На средбата покрај делегација на мултинационалната компанија, присуствуваше и Франц Кухар, член на менаџментот на словенечката компанија „Искраемеко“ која е дел од групацијата „Елсеведи“.

Претставувајќи ја компанијата, господинот Ел Севеди покажа особен интерес за можностите за инвестирање во Македонија посебно во областите каде фирмата е лидер на пазарот и тоа за обезбедување  целосни и интегрирани енергетски решенија во различни сектори како што се: проводници и кабли, трансформатори, управување со енергијата, електрични производи и производство на енергија од ветар и сончева енергија.

Премиерот Заев изрази задоволство од посетата на претставниците на реномираната компанија како и од покажаниот интерес од словенечката компанијата „Искраемеко“ која е меѓу водечките светски компании во мерните производи, системи и услуги на електричната енергија.

Тој ги информираше соговорниците за новиот Закон за енергетика, во кој се содржани ЕУ директивите и регулативите на Третиот енергетски пакет, како и дека Македонија е на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на   енергетските реформи.

Се разговараше и за отворените можности за инвестирање во железничкиот сообраќај, енергетската инфраструктура,  хидроенергетскиот систем и секторот за природен гас.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …