Министерство за финансии

Министерство за финансии: Платите во јавниот сектор, ќе се решат со системско одржливо решение

Платите во јавниот сектор, ќе се решат со системско одржливо решение кое нема во иднина да остава простор за фрагментирани решенија во системот и користење за политички цели. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Дневникот на МРТ.

„Станува збор за голема реформа која не може да се реши ад хок, туку ќе се решава системски преку дијалог со Синдикатот како партнер во овој процес. Клучно е што со ова решение се сака да се надмине состојбата која создава парцијални решенија кои поттикнуваат незадоволства. Сега се обидуваме тоа да го надминеме, преку дијалог во Економско социјалниот совет каде треба да дојдеме до најоптимално решение. Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение, решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор, вклучувајќи ги и вработените во Министерството за финансии и другите институции каде има разлики “, рече Бесими.

Тој истакна дека Владата дава поддршка за решавање на ова прашање и дека системот што ќе се прифати ќе биде имплементиран во буџетот. При тоа напомена дека не станува збор за замрзнување на платите на вработените во јавниот сектор, напротив, како што рече, во изминатите години има раст на платите во обрзованието, безбедносните структури, судството, инспекторатите, здравството и други сфери вклучително во тековната година.

„Тоа ќе биде систем кој ќе се применува по сила на закон и нема да има потреба од преговори и нема да се користи за политички поени. Тоа е прашање кое ќе се реши на сличен пристап како и минималната плата, за која воспоставивме систем и сега веќе оваа година никој не го поставува тоа прашање. Минималната плата по сила на закон имаше раст во март оваа година и тоа ќе следи и во иднина“, рече министерот и додаде дека во рамки на дијалогот со синдикатите се блиску до утврдување на методологијата по одржување на последниот состанок на Економско социјалниот совет“, рече Бесими.

Во интервјуто министерот се осврна и на најавеното издавање на граѓанската обврзница, за која рече дека нема негативно да влијае врз депозитите во банките и дека улогата на обврзниците е да придонесат во развојот на економијата. „Средствата од граѓанските обврзници се предвидени во Буџетот за 2023 година, и истите ќе се користат за финансирање на капитални проекти“, рече министерот и додаде дека засега нема промени во однос на проекциите за еконмскиот раст, дека се следи реализацијата, но дека неизвесноста доаѓа од развојот на состојбата во Украина и нејзиното влијание врз економијата во ЕУ, која е наш најголем трговски партнер.

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …