Министерство за транспорт и врски: Автопатот Миладиновци-Свети Николе – Штип пуштен за сообраќај во двата правци

Соопштение на Министерството за транспорт и врски:

Ве информираме дека од денеска 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци-Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци.

Апел до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. Упатуваме благодарност и до сите градежни компании кои директно или индиректно беа вклучени во изградбата на овој значаен капитален објект.

Владата на Република Северна Македонија и понатаму е посветена на изградба на капитални објекти кои се од огромно значење за развојот на државата и подобрување на животот на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Партиите договорија датум за избори: на 24 април прв круг претседателски, на 8 мај парламентарни и втор круг претседателски избори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, даде изјава по лидерската средба што се одржа на негова …