Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре, четврток 6 јуни, ќе престојуваат во работна посета на Француската Република.
Покрај средбата со државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Амели де Моншален во француското министерство за надворешни работи, предвидена е и средба со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон. Посетата ќе се реализира по неодамнешната објава на Извештајот на Европската Комисија и препораката за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, а во пресрет на претстојниот состанок на Советот на ЕУ. За време на посетата, ќе се разменат мислења и за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, како и за процесот на интеграција на нашата земја во НАТО.