Министре Адеми, нели немаше да се работат саботите за кои утврдивме дека не се ефективни?

Министре Адеми, нели немаше да се работат саботите за кои утврдивме дека не се ефективни?

Добар ден министре за образование г-дине Адеми, добар ден заменик министре г-не Атанасов. Сакам вака јавно да ви се обратам, испровоцирана од објавата дека СЕПАК ќе треба да се одработат двата дена со кои го продолживте зимскиот распуст поради покаченото загадување.

Да ве прашам: Нели немаше да се работат саботи за кои утврдивме дека не се ефективни? Што е со нас наставниците кои и во тие денови бевме во училиштата? За нас не беше загаден воздухот? Дали знаете колку натпревари се одржуваат во сабота и недела и дека ќе настане општ хаос? Дали во некоја друга професија вработените одат на работа во саботи и недели без парична надокнада? Дали малку размислувате кога не’ обврзувате да одиме во Скопје на обуки, под напомена “присуството на сите наставници е задолжително“ и ги теретите училиштата сами да го плаќаат превозот? Дали не се срамите кога тие обуки ги држат предавачи кои не знаат ниедно прашање да ни одговорат и само креваат раменици? Дали не гледате дека овие претходниве започнаа, а вие го продолжувате УНИШТУВАЊЕТО НА ОБРАЗОВАНИЕТО?

Не’ отепавте со ПИЛОТ програми кои немаат врска со реалноста! Во средното стручно образование ги намалувате часовите по странски јазик и информатика!!! Вака ли во Европа??? Од вашите “пилот” програми, за кои велите дека се наследени од претходната власт, а вие немате ни намера ни волја да ги стопирате и смените, ќе станеме навистина пилоти на кои може да ни позавидат и во Топ Ган! Само си се менувате на вашите удобни фотељи, а наставниците никој за ништо ниту ги прашува, ниту ги консултира.

Почитуван Премиере Zaev Zoran (пак до Вас), дали образованието не заслужува да има барем еден асален и со искуство министер, а не деца кои си играат држава???

И на крај (а можам да пишувам до сабота, ама на работа сум): Алооооо, СОНК, дали се слушаме?????

Фејсбук статус на Katerina Palifrova

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …