Јован митрески сдсм

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ да ги види објавите на Пазар 3 за продажба на бел коњ

„Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува за Пазар 3, еве ги упатувам да ги провери објавите за продажба на бел коњ“, со овие зборови координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески синоќа им се обрати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи на победата на правната држава и пропадната желба на опозицијата да го врати Никола Груевски.

Цело време ВМРО-ДПМНЕ гласа се’ што значи развој за граѓаните и државата, додаде Митрески.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека колку поголема штета дека ќе им направи на државата и граѓаните, тоа подобро за неа. Ова во Собрание намерно го прават за лекарите да не земаат плати, организираат протести и тоа се знае. На секој начин се обидуваат да создадат некаква криза“, рече Митрески.

„Избегавте од секое значајно гласање. Лажно зборувавте за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик, а избегавте вчера кога се гласаше македонскиот јазик да биде официјален како јазиците на ЕУ. Заедно со вашиот колега Џамбаски организирате заеднички глупости во државата, но прочитани сте“, рече Митрески обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ се нервозни и и не знаат каде тераат, додаде Митрески.

„Логиката на опозицијата е невидена. Цело време критикуваат, а сега велат нема да гласаат за тоа што критикувале. Добро е што се споменуваат и бројките, од 44 пријавени за говор се 37 опозициски пратеници и мислам дека треба да провери ВМРО-ДПМНЕ да не им недостасува некоја“, рече Митрески.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски Ароганција е кога човек-партија одработува против своите …