Мицкоски на Могерини и се пожалил за економската стагнација и политичкиот терор

Мицкоски на Могерини и се пожалил за економската стагнација и политичкиот терор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, информираат од партијата.

Од таму додаваат дека на средбата се разговарало за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци.

„Мицкоски изрази загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвараат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки преставници на власта. Политичкиот терор е широко застапен, и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокот на демократски амбиент е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери“, информираат од партијата.

Мицкоски истакнал и дека Европската унија и е потребна на Македонија како начин за подигнување на стандардот на граѓаните, за повисок квалитет на живеење и за споделување на заедничките вредности.

„На тој план ВМРО-ДПМНЕ даде свој придонес давајќи суштински забелешки кои беа инкорпорирани во реформските закони кои беа донесени, со што партијата се вoдеше од државните интереси и интересите на граѓаните, кои, за ВМРО-ДПМНЕ, се на прво место“, се додава во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …