МНР

МНР го отповика македонскиот амбасадор во Токио

Од МНР информираат дека Претседателот на државата Стево Пендаровски го потпишал указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник.

Македонскиот амбасадор во Токио, Горан Цеков, е отповикан од функцијата откако Министерството за надворешни работи предложило, а Владата го прифатила предлогот на министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија. Од МНР информираат дека Претседателот на државата Стево Пендаровски го потпишал указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник.

Неофицијално, амбасадорот Горан Цеков е повлечен од амбасадата во Токио, по обвинувања за непримерно однесување поднесени од две жени.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …