МТСП: Првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна” достапна за сите

МТСП: Првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна” достапна за сите

Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.

Апликацијата ќе им помогне на жртвите на семејно насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога имаат потреба од поддршка.

Со вклучување на геолокаторот само со еден клик жртвите го испраќаат својот мобилен телефонски број и точната локација на која што се наоѓаат до Националната СОС линија за жртви на семејно насилство. Веднаш потоа, жртвата ќе биде исконтактирана од одговорните лица.

Апликацијата е најпотребна токму сега, во период на корона криза, кога постои ризик случаите на семејно насилство да се зголемат.

Преку опцијата ,,Важни контакти” може да се исконтактираат сите институции и здруженија на граѓани кои даваат помош и поддршка на жртвите на сите видови на родово базирано насилство.

Оваа апликација нуди многу можности, вклучувајќи ја и опцијата корисниците да си изберат броеви за поддршка од својот именик, член од семејството, личност од орган, институција, невладина организација или било која друга личност на која ѝ веруваат.

Исто така апликацијата има едукативни и информативни содржини, вклучувајќи информации за правата на жртвите, практични совети за заштита, лични сведоштва на жртвите, како и целиот протокол за меѓусебна соработка на надлежните институции и здруженија за заштита и спречување од семејно насилство.

Апликацијата е достапна за користење од сите паметни телефони.

Подетални информации на следниов линк: https://www.mtsp.gov.mk/media-centar-ns_article-bidi-bezbedna.nspx

Прочитајте повеќе

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за …