МТВ: Гасификацијата е проект кој е со врвен приоритет на оваа Влада, ВМРО-ДПМНЕ го остави со проблеми и нерешени имотно правни работи

МТВ: Гасификацијата е проект кој е со врвен приоритет на оваа Влада, ВМРО-ДПМНЕ го остави со проблеми и нерешени имотно правни работи

Реакција на Министерството за транспорт и врски, на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Министерството за транспорт и врски ги отфрла сите невистинити информации и шпекулации искажани на денешната прес конференција од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Гасификацијата.

Гасификацијата е проект кој е со врвен приоритет на оваа Влада на Република Северна Македонија, но е еден од многуте проекти кој е наследен од претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со бројни проблеми и нерешени имотно правни работи.

Со цел вистинито информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека изградбата на гасоводната магистрала од Неготино до Битола ја наследивме со 12 проценти реализација, додека изградбата на гасоводната магистрала од Скопје до Гостивар со 15 проценти. Тоа што сакаме да потенцираме е дека  експропријацијата и на двата проекти беше нерешена.

Тоа значи, доколку претходната Влада предводена од ВМРО –ДПМНЕ била посветена на овој проект како што тврдат на денешната прес коференција, граѓаните ќе го почуствувале бенефитот од гасот. Но наместо тоа, проектите се наследија со многу проблеми, заостанати градежни работи и нерешана експропријација.

Во овој момент, гасоводот од Неготино до Битола се гради со многу брзо темпо, завршена е речиси целата експропријација и проектот е во завршна фаза.

Исто така изградбата и на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар се одвива непрекинато со забрзана динамика и уверуваме дека оваа година ќе бидат завршени двата споменати магистрални гасоводи.

Министерството за транспорт и врски во соработка со Национални Енергетски Ресурси за само две години изгради 36 километри гасоводна мрежа а во завршна фаза е изгардба на уште 178 километри гасовод.

Во интерес на вистината, Министертвото за транспорт и врски, јавно ги повикува од политичката партија да излезат и да соопштат на граѓаните со колкав процент на реализација и решена експрорпијација ги оставија проектите за кои денеска излегуваат на прес конференција и ја спомнуваат гасификацијата.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …