Мухамед Халили: Нон-пејперот не ги решава проблемите на Балканот, туку отвора нови

Мухамед Халили: Нон-пејперот не ги решава проблемите на Балканот, туку отвора нови

Мухамед Халили, поранешен пратеник, министер и амбасадор, актуелен претседател на Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на Амбасадори, за нон-пејперот кој заговара прекројување на границите на Балканот:

„Како Совет на Амбасадори се изјаснивме за словенечкиот нон-пејпер негиран потоа од Јанша, но потврден од Еди Рама, и немам повеќе што да додавам. Сепак, од мое лично видување неразбирливо е во име на една пријателска земја како Словенија, некој да бара отворање на нови проблеми околу тематиката на, веќе со голема мака затворени проблеми, и за создавање нови. Трагедијата е во тоа што нон-пејперот не решава ниеден проблем туку ги отвора раните од времето кога амбициите на Милошевиќ за Голема Србија го продуцираа геноцидот во Сребреница, потоа во Рачак-Косово, по што дојде и интервенцијата на НАТО против ЈНА. Јас не сум во состојба да ги објаснувам мотивите на таквото писание, ниту пак можам да го видам профитот на Словенија во целиот тој план, под услов така и да се реализира. На крај, кој во ЕУ го прашува Јанша за такви идеи и планови? Што има интерес Европа во целиот овој хаос со коронавирусот да отвори и воени фронтови во традиционално чувствителни региони? На Западен Балкан му треба мир и обединување, а не распарчување. Светот не гледа ли дека пропаднатите воени планови и интервенции во Ирак и Сирија создадоа децениски катастрофи – реки од бегалци, урнатини, хуманитарни кризи, изгубени човечки животи, економски кризи?“, вели Халили.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …