МВР и УЈП предупредуваат за обиди за крадење на лични податоци преку е-писма и СМС пораки

МВР и УЈП предупредуваат за обиди за крадење на лични податоци преку е-писма и СМС пораки

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Управата за јавни приходи (УЈП) ги предупредуваат граѓаните да не веруваат на СМС пораките и електронските писма наводно испратени од овие две институции, да не се кликнува на линковите и да не се внесуваат лични податоци на страниците што ќе се отворат или да не ги испраќаат никакви лични податоци преку Вибер.

Станува збор за измамничка кампања, во која се злоупотребени МВР и УЈП, велат институциите.

Во случајот на е-писмата што некои граѓани ги добиле, наводно од „министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол“, се повикува примачот да се јави во суд поради наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено.

МВР вели дека станува збор за лажно е-писмо, кое не е испратена од страна на МВР, ниту од која било институција за спроведување на законот.

Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк.

„Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани“, порача МВР.

Министерството предупредува и да не се отвораат линковите и датотеките кои во прилог на електронските писма, со цел да се заштити смартфонот или компјутерот од малициозен софтвер.

Ваквите обиди за измама, со е-писма со слична содржина во изминатиот период биле испраќани и на граѓани во земјите од регионот, извести МВР.

Во случајот на УЈП, до граѓаните биле испраќани СМС-пораки, вчера и денеска. Обидот на измамниците бил да дојдат до лични податоци и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина “Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija“.

Овој линк е лажен, и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

УЈП апелира да не се отвораат овие СМС пораки, за кои се злоупотребува логото на УЈП и да не се отвора линкот. Доколку пак некој го отвори линкот случајно, никако да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните.

Управата за јавни приходи вели оти ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Прочитајте повеќе

Изборна битка во петка и шестка за две пратенички места

Изборна битка во петка и шестка за две пратенички места

Гласачите во седум избирачки места во две изборни единици ќе одлучуваат можеби и за преструктуирање …