мвр потрага

МВР: Расчистен случајот со веењето знаме на т.н. „Голема Албанија“ во Тетово, кривична пријава за сторителот

Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично- правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ.

По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин. Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …