вакцини ковид

МЗ: Ревакцинирани 43,6 проценти од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. 52 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 проценти, а со две дози опфатени се 43,6 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

обвинителство

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе …