Земјоделие

МЗШВ: Рокот за поднесување на барања за субвенции се продолжува до 30 јуни

Рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година се продолжува до 30 јуни, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Ова продолжување на рокот е по барање на земјоделците, со цел да можат сите земјоделци да го искористат правото за поднесување на барања за финансиска поддршка за мерките од годинешната Програма за директни плаќања. До овој рок, земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица“, се додава во соопштението.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …