Почнувајќи од 1 јули, граѓаните нема да плаќаат за користење на роаминг услугите во шесте земји на Западен Балкан: Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

На 4 април 2019 година, ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан на Дигиталниот Самит во Белград, Србија го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг.

Како резултат на овие активности на 1 јули 2019 година, поранешниот министер за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски најави  дека на 1 јули 2021 година во сила ќе стапи целосно „Роаминг како дома“, по примерот на земјите од Европската Унија. Овој договор беше предуслов за почеток на процесот за намалување на цените за роаминг и со ЕУ.

Целта е, набрзо после 1 јули 2021 година да дојде и до драстично намалување и на крајот укинување на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

Укинувањето на роамингот помеѓу државите од Западен Балкан го најави генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

„Граѓаните ќе имаат малку повеќе пари во џебот, онаа што би се потрошиле доколку ги платат тие сметки во регионот поради тарифите предизвикани од роамингот. Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не само што е зголемен бројот на луѓе кои користат Интернет, туку сфативме и за време на пандемијата дека е зголемено количината на време што луѓето го поминуваат на Интернет, што исто така дава одредена тежина“, рече Брегу за Радио Слободна Европа.