Горива бензини дизел

На полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на сите нафтени деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Цените на бензините се зголемуваат за два и пол денари за литар, па така, од ноќеска литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 82,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 85 денари за литар.

Поскапува и дизелот и тоа за два денарa за литар и од вечерва литар дизел гориво ќе чини 83,5 денари.

За два денара поскапува и екстра-лесното масло за домаќинство, кое од вечерва ќе се продава по цена од 83 денари за литар.

Новата цена на мазутот, пак, откако ќе поскапи за 1,355 денари, ќе изнесува 40,814 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава голем број шумски пожари повеќепати излегоа од контрола низ целата земја, а како одговор …