На 3 септември 2022 година (сабота), на Спортскиот аеродром Стенковец ќе се одржи обука за пинг-понг за лица со попреченост.
Обуката е во организација на Здружение на лицата со параплегија и квадриплегија „Без Ограничувања“ и Аероклубот Скопје.
Во Пинг – понгот за луѓе со попреченост важат спортските правила со тоа што спортистите без попреченост ја симулираат попреченоста на противникот. На пример, доколку едниот е во количка другиот игра седејќи на стол.
Овој вид на вежбање ги подобрува когнитивните вештини и менталната сила и е многу корисен и забавен за деца/луѓе со интелектуална или физичка попреченост.
Настанот не е ограничен единствено на лица со попреченост, бидејќи неговата цел и мотив е комплетно вклучување на сите заинтересирани во овие спортски активности.
Настанот е од отворен тип и не е потребна претходна најава за присуство.