На вечерашната 22 седница, Владата донесе решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата

На вечерашната 22 седница, Владата донесе решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката, согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19.

Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи, на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

На оваа седница е донесено и решение за изменување на Решението за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за член на Комитетот го именуваше Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

Со решенијата на вечерашната седница, се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата, по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување на кризна состојба.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …