Најмалку три лица се убиени, а неколкумина повредени кога вооружен маж отвори оган на Државниот универзитет во Мичиген во понеделникот вечерта, соопшти полицијата. Веднаш беа достапни неколку официјални детали за оруженото насилство, но Крис Розман, привремен заменик-началник на универзитетската полиција, рече дека пукотниците имало на две локации – во академската зграда наречена Берки Хол и зградата на Унијата на Државниот универзитет во Мичиген. Полицијата реагираше на пукањето, изјави Розман, потврдувајќи дека најмалку пет жртви биле префрлени во болница, од кои некои со повреди опасни по живот.
Речиси два часа по првото пукање, неколку згради на кампусот беа расчистени и обезбедени од полицијата додека полицајците го претресуваа кампусот во потрага по можни дополнителни жртви и осомничен, соопшти полицијата на МСУ. Осомничениот, бил опишан како низок маж со маска, а последен пат бил виден како бега од зградата на Унијата, рече Розман. Потоа полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил и оти се уште не е јасно кој бил неговиот мотив за нападот. Синоќешното насилство доаѓа по скоро 14 месеци по смртоносното масовно пукање на 30 ноември 2021 година во средното училиште Оксфорд во округот Оукленд, Мичиген во кое 15-годишен ученик отвори оган со полуавтоматски пиштол. Во тој напад беа убиени четворица соученици, а уште шест ученици и еден наставник беа ранети, што беше најсмртоносното пукање во американско училиште таа година. Властите соопштија дека осомничениот тинејџер, кој се изјасни за невин по обвиненијата за убиство, употребил пиштол што неговите родители му го купиле како божиќен подарок и покрај знаците дека е емотивно вознемирен. Во случајот двајцата родители беа обвинети за убиството.