Намалена затворската казна за Јанкуловска од 6 на 4 години

Намалена затворската казна за Јанкуловска од 6 на 4 години

Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“, со што првостепената казна од 6 години затвор и’ ја намали на 4 години.

Во соопштението на Апелациониот суд Скопје, се вели:

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди“.

На 8 октомври 2018 година, Јанкулоска беше осудена на затвроска казна од 6 години, за предметот „Тенк“.

Кривичниот суд во предметот за набавката на мерцедесот вреден 600.000 евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на 6 години и 6 месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски на 2 години затвор.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …