НАСА сподели необична фотографија од Марс: Сините дини на Црвената планета

Огромни пространства од сини дини во долги линии создадени од ветрот ја опкружуваат северната поларна капа на Марс. НАСА ја објави необичната фотографија од планетата Марс, на која овој дел од Црвената планета е голем по површина како сојузната американска држава Тексас, пренесува SciTech Daily. 

Изработената фотографија на НАСА визуелно ги претставува температурните разлики на Марс. Сините дини на оваа фотографија всушност ги покажуваат областите со постудена температура на Марс, додека потоплите површини се прикажани со жолта и портокалова боја. Оваа фотографија опфаќа површина во ширина од 30 километри.

Фотографијата е направена со комбинација на слики направени во периодот од декември 2002 до ноември 2004 година од „Системот за снимање термички емисии“ што се наоѓа на орбитерот „Одисеја“ на Марс. Изработениот визуелен материјал е дел од специјалната збирка на фотографии што се објавени по повод 20-годишнината од орбитерот „Одисеја“, најдолготрајното летало што работело на Марс во историјата.

Оваа фотографија ја визуелизира локацијата на планетата Марс што се наоѓа на 80,3 степени северна географска ширина и 172,1 степени источна географска должина.

Прочитајте повеќе

Гласовите на поп ѕвездите одекнаа против насилството врз жени и девојчиња

Македонските поп ѕвезди лансираа песна што ќе ги обедини нашите гласови за ставање крај на …