кривичен суд

Насер Ештрефи во новиот процес осуден на 13 години затвор за убиството во Ѓорче Петров

Кривичниот суд во Скопје му досуди казна од 13 години затвор на Насер Ештрефи во повторениот судски процес за убиството на младиот Ангел Петковски во населбата Ѓорче Петров на 19 мај 2014 година. Обвинителството го гонеше Ештрефи по истите наводи според кои тој и претходно беше осуден во првичниот случај – на 14-годишна затворска казна.

Убиството на матурантот Петковски се случи во мај 2014 година, кога Ештрефи му го украл велосипедот на Ангел, по што тој заедно со неговиот татко Сашко Петковски се пуштиле во потрага по Ештрефи, и на шеталиштето покрај реката Вардар, во близина на Очната болница и пешачкиот мост, го пресретнале. Тогаш следела тепачка и како резултат на тоа, Ештрефи го прободел со нож матурантот Петковски, којшто потоа починал.

Одбраната на обвинетиот Насер Ештрефи во судскиот процес потсети дека чинот на убиство е сторен ненамерно, во афектна состојба. Самиот обвинет рече дека не се чувствува виновен, а и претходно прифаќаше вина единствено за кражбата, но не и за убиството.

Како што пишуваше претходно Порталб.мк, Врховниот суд во ноември минатата година ја потврди одлуката со која се враќа на повторно судење случајот на Насер Ештрефи пред Кривичниот суд. Врховниот суд ја отфрли претходната пресуда за 14-годишна затворска казна за Ештрефи која беше досудена од Кривичниот суд и потврдена од Апелациониот суд.

Инаку, убиството на Ангел Петковски во мај 2014 година предизвика голем револт кај граѓаните од оваа населба, кои ги блокираа патиштата и предизвикаа штета на некои локали, сопственост на Албанци. Штетата од вандализмот на протестите во Ѓорче Петров остана да биде надоместена од страна на самите сопственици на објектите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …