НАТО вработува млади професионалци, прва шанса за македонските магистри да работат во Алијансата

НАТО вработува млади професионалци, прва шанса за македонските магистри да работат во Алијансата

Убава плата, патни трошоци, 30 дена годишен одмор и три години во три различни институции на НАТО. Тоа се најкусо условите што Алијансата ги нуди во новата, штотуку отворена Програма за млади професионалци, со која вработува млади професионалци од земјите-членки, што им пружа можност за аплицирање и на македонските млади професионалци.

Основните критериуми за пријавување во програмата, покрај државјанство на земја членка, се најмалку 21 година старост, магистратура, напредно ниво на познавање на англиски или француски јазик и најмалку една година професионално искуство. Кандидатите ќе можат да аплицираат до крајот на мај, ќе треба да добијат НАТО-безбедносен сертификат, а со програмата ќе почнат на почетокот на следната година.

Избраните млади професионалци ќе работат во три од вкупно шест тела на Алијансата за кои е наменета програмата:

  1. Меѓународниот персонал на НАТО (стручна служба на седиштето на Алијансата во Брисел);
  2. Меѓународниот воен персонал (со седиште во Брисел);
  3. Сојузничката команда операции во Монс, Белгија,
  4. Сојузничка команда трансформации во Норфолк, Вирџинија,
  5. Агенцијата за комуникации и информации со седиште во Брисел и канцеларии на 30 локации и
  6. Агенцијата за поддршка и набавки, распослана во Луксембург, Франција, Унгарија и Италија.

НАТО со програмата бара млади професионалци кои ќе работат во сферите на иновации и нови технологии, сајбер одбрана, истражувања и анализи на операции, инженерство, логистика и снабдување, безбедност и разузнавање, меѓународна политика, стратешки комуникации и маркетинг, менаџмент, финансии и економија, правни работи, управување и развој на човечки ресурси, управување на програми и проекти, информациска и комуникациска технологија.

Кандидатите ќе може да аплицираат преку електронскиот систем на НАТО за вработување.

Алијансата не наведува колкумина ќе вработи, но објаснува дека младите ќе бидат ангажирани на период од три години. Секој млад професионалец низ програмата ќе работи на почетни позиции во три различни тела на НАТО, минувајќи по една година во секое.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Автомобили

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување направила пресметки за проверка, при што било утврдено дека зголемувањето …