Нема договор за СЈО, консултациите продолжуваат

Нема договор за СЈО, консултациите продолжуваат

Само еден час им требаше на работните групи за да констатираат дека разликите остануваат и дека им требаат дополнителни консултации околу статусот на СЈО и начинот на кој ќе ја врши својата улога.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ дадоа посебни но усогласени изјави.

ВМРО ДПМНЕ дојде со 65 амандмани. Од нив, 20-тина се суштински, останатите технички, рече Милошоски при доаѓањето и посочи кои се нивните црвени линии.

Според министерката Десковска, СЈО треба да има сопствени ингеренции како посебен орган во јавното обвинителство. Се надева дека пред претседателските избори ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство и дека законот ќе биде донесен.

Спротивно на ваквите најави, спикерот Талат Џафери на брифинг со новинарите нагласи дека дури и да биде постигнат договор меѓу партиите, нема да закаже седница пред 6 мај, за да не биде употребена за изборни цели.

ДУИ, која партиципира во разговорите околу СЈО, е оптимист дека договор може да се постигне.

Владата паралелно разговара и со другите партии.

Претпладнево, обезбеди начелна поддршка за законот од опозициските БЕСА и Алијанса.

Разговорите ја опфаќаат и независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Овој закон се носи со двотретинско мнозинство. Напорите се да биде донесен со консензус на сите пратенички групи.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …