„Нема оправдување. Заедно против насилство врз жени и девојчиња“, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Прилеп

„Нема оправдување. Заедно против насилство врз жени и девојчиња“, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Прилеп

Во организација на Форумот на жени на Општинската организација на СДСМ – Прилеп, синоќа во преполната сала на киното „Мис Стон“ се одржа трибина на тема „Нема оправдување. Заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Со синоќешната трибина, прилепските социјалдемократки се приклучија на светската кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“.

На трибината свои излагања имаа Изабела Кузманоска, инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство, д-р Сашо Пирганоски, психијатар и Јасминка Митреска, социјален работник.

Покрај членките на Форумот на жени на СДСМ од Прилеп, на трибината присуствуваа и координаторките и претставнички на Форумот на жени од Кривогаштани и Долнени.

Кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, чија цел е подигнување на свеста и поттикнување конкретни чекори кои ќе помогнат да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата ширум светот, се случува секоја година во текот на 16 денови, и тоа во периодот помеѓу 24 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …