Нереди на протестите во Франција против пензиската реформа

Нереди на протестите во Франција против пензиската реформа

На протестите против пензиската реформа во Франција дојде до безредија во кои се повредени голем број полицајци. Уапсени се над сто демонстранти.

На протестите против пензиската реформа во Франција– излегоа стотици илјади луѓе. Во Париз, Лион и Нант дојде до судири со безбедносните сили.

Франција протести пензиска реформа
Протести во Стразбур, 6.04.2023

Според медиумски извештаи, во Лион се оштетени продавници. Во Нант полицијата употреби солзавец при судирите со демонстрантите.

Франција протести пензиска реформа
Судир на демонстрантите и полицијата во Париз, 6.04.2023

Во Париз, пак, демонстрантите упаднаа во објект на БлекРок и таму запалија пиротехнички материјали. На протестите се запалени и контејнери за отпад, велосипеди и автобуски станици.

Франција протести пензиска реформа
Запалени велосипеди во Париз, 6.04.2023

Според наводи на Министерството за внатрешни работи, во безредијата се повредени 154 полицајци. Меѓу нив има и тешко повредени. Освен тоа, соопштено е дека се уапсени 111 демонстранти.

Франција протести пензиска реформа
Припадник на француските полициски сили на протестите во Париз, 6.04.2023

На протестите против кревањето на границата за пензионирање од 62 на 64 години, според официјални наводи, излегле околу 570.000 луѓе. Минатата недела, според француското МВР, протестирале над 740.000 луѓе.

Франција протести пензиска реформа
Протести во Лион, 6.04.2023

Одлуката за пензиската реформа во Франција е веќе донесена, но сѐ уште не стапила во сила. Претседателот Емануел Макрон сака тоа да се случи до крајот на годината. Во моментов за тоа расправа Уставниот совет. Неговата одлука се очекува на 14 април.

Прочитајте повеќе

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога …