Никола Димитров стана член на реномираниот меѓународен тинк-тенк ECFR

Никола Димитров стана член на реномираниот меѓународен тинк-тенк ECFR

На покана на ко-претседавачите на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), вицепремиерот Никола Димитров стана официјален член на ECFR, водечка меѓународна тинк-тенк организација посветена на европската надворешна и безбедносна политика.

Советот на ECFR ги обединува најистакнатите високи претставници и експерти од областа на надворешната политика, во стратешки ориентирана пан-европска заедница посветена на развивање политики засновани на вредности, унапредување на стабилноста и сигурноста на Европа. Актуелни претседавачи на Советот се Карл Билд – поранешен шведски премиер и специјален претставник во мисии на ООН и ЕУ, д-р Лик Фрајс – директорка на данскиот тинк-тенк Европа и Норберт Ротген – германски пратеник, претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот.

По тој повод, вицепремиерот Димитров денеска во Скопје се сретна со заменик-директорката на ECFR и раководителка на канцеларијата во Софија, Весела Чернева, со која разговараа за неговата улога како член во Советот и оптимизирање на можностите за соработка.  Димитров се заблагодари за честа да се приклучи на престижниот ECFR и изрази уверување дека ќе работи посветено за да придонесе кон исполнување на мисијата на оваа уникатна платформа за поврзување на убедените Европејци.

Димитров: „Вистинка чест е да ја добијам оваа лична покана која ја прифатив со огромно задоволство. Можноста да соработувам одблиску со колегите од ECFR и членовите на Советот кои се ценети мислители и креатори на глобални одлуки е голема привилегија. Верувам дека моите и лични и професионални цели, вредности и принципи се усогласени со оние на ECFR, насочени кон создавање подобра, посигурна, побезбедна Европа за доброто на сите граѓани. Особено во време кога се соочуваме со сериозни глобални предизвици и настани кои менуваат светски текови и ги преиспитуваат столбовите на меѓународниот поредок.”

Во име на  ECFR и од свое лично име, Чернева го пренесе задоволството за прифаќањето на поканата за вклучување на Димитров во Советот и нагласи дека е прилика за заедничко делување во насока на зацврстување на вредностите на меѓународниот поредок, но и зближување на Европа и застапување на европската иднина на Западниот Балкан.

Преку членството во Советот на ECFR кое се надоврзува на неговите професионални ангажмани, вицепремиерот Димитров ќе продолжи да се залага за европската иднина на Западниот Балкан.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …