Нормализирано снабдувањето со електрична енергија на Дебар и околните населени места

Нормализирано снабдувањето со електрична енергија на Дебар и околните населени места

Стручните лица од интервентните екипи на АД МЕПСО вложија натчовечки напори и успеаја по непрекината 16-часовна работа да го вклучат под напон 110-киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље, информираат од АД МЕПСО.

Жителите на Дебар и неколку околни населени места добија електрична енергија денеска во 4:15 часот. Инаку, АД МЕПСО вчера го прекина снабдувањето со електрична енергија за овој дел од земјата поради паднати дрва на далекуводот и мразот што беше предизвикан од заледениот дожд и невремето што ја зафати нашата земја.

Од АД МЕПСО велат дека електро монтерите минатата ноќ работеле во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …