Носењето маски на отворено не е задолжително, укината забраната за групирање на јавен простор

Носењето маски на отворено не е задолжително, укината забраната за групирање на јавен простор

На вчерашната 75 седница, Владата ги донесе следните измени и дополнувања поврзани со рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот:

– Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;

– Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;

– Се укинува забраната за групирање на јавен простор;

– Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;

– Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;

– Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина; и

– Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

На оваа седница Владата го донесе и Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.

Прочитајте повеќе

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска треба на седница да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста …