Нова дојава за бомби на адресите на осум училишта во Скопје и две во Прилеп

Нова дојава за бомби на адресите на осум училишта во Скопје и две во Прилеп

На електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп утрово стигна закана за поставена експлозивна направа. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Мета.мк потврдија дека во тек е безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички проверки за расчистување на случаите.

„Денеска (20.02.2023) до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, изјавија од МВР.

Лажни дојави за бомби испратени до училиштата во Скопје, Прилеп  Куманово имаше и минатата недела. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори.

Од почетокот на второто полугодие може да се забележи дека речиси и да нема работен ден кога нема испратени закани за поставена експлозивна направи. Сите дојави до сега се покажа дека се лажни. Ваквите лажни дојави за првпат се појавија лани на 26 октомври. Во случај на дојава, учениците и вработените од училиштата се евакуираат, а за време на антитерористичките проверки во прекин е одржувањето на наставата.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …