СДСМ лого

Новата 2021 ќе биде година на економски раст и развој, година во која ќе продолжи да расте стандардот на граѓаните

Соопштение за јавност

СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики, кои ќе овозможат новата 2021 година да биде година на економски раст и развој, година во која македонската економија полека на сигурно ќе се враќа на претходните стапки на раст, година во која ќе продолжи да расте и стандардот на граѓаните.

Претходната година соочени со глобална финансиска и здравствена криза, покажавме дека со одговорен, инклузивен и домаќински пристап последиците од коронакризата врз економија можеме да ги сведеме на минимум.

Од почетокот на кризата, креиравме и реализиравме четири пакети-економски мерки за поддршка на најпогодените компании и поединци од кризата, за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра. Тие политики дадоа резултат.

Спасени се десетици илјади работни места, а директно им се помогна на околу 500.000 граѓани.

Оваа година ќе биде година на целосно економско заздравување, година на економски раст и развој, што се потврдува и со Буџетот за 2021 година кој е развоен и скроен да одговори на сите предизвици во годината пред нас.

Најголем дел од проектираните средства во Буџетот или 83% се расходи наменети за капитални проекти, важни проекти за граѓаните низ целата држава.

Оваа година продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, гасификацијата, во изградба и реконструкции на градинки, болници, училишта, вложуваме и во животната средина, во комуналната инфраструктура како и во изградба на социјални станови

Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост, рационализирање на трошењата, како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Истовремено, обезбедена е буџетска резерва, во случај на продолжено траење на пандемијата.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните, на економијата, на државата.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …