Ново амбулантно возило за крушевскиот Здравствен дом

Ново амбулантно возило за крушевскиот Здравствен дом

Здравствениот дом во Крушево од Министерството за здравство доби ново амбулатно возило за итна медицинска помош, кое ќе ги задоволи зголемените потреби на итната помош.

Директорката на здравствениот дом Зорица Манчевска Трајчулеска, изрази благодарност до министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи станува збор за прво возило коа оваа здравствена институција го добива по 7 години.

„Сакам да им се заблагодарам на министерот за здравство Венко Филипче и на сите сектори во Министерството, кои овозможија целата постапка да се процесуира. Здравствениот дом имаше голема потреба од вакво возило, со оглед на повозрасната популација која живее на територија на општина Крушево, но и заради големиот број на настани, особено високо адреналинските како натпревари во параглајдинг и змајарство, велосипедски и планински тури, кои во текот на цела година се одржуваат во Крушево“, изјави Манчевска Трајчулеска.

Новото амбулантно возило за итна медицинска помош е марка „Рено Мастер“ и во текот на вчерашниот ден пристигна во Крушево.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …